АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Општина Битола го објави конкурсот за редизајнирање на кружен тек кај месноста “Дулие” во Битола на тема – Круг на Јарболите.Кружниот тек се изгради во летото 2009 година и тој простор доби ново сообраќајно решение.
Повеќе детали ќе најдете на следниот линк:
http://www.bitola.gov.mk/28602-2/
ЈАВЕН КОНКУРС
за избор на Решение за редизајнирање на Кружен тек кај месноста “Дулие” во Битола на Тема
- КРУГ НА ЈАРБОЛИТЕ-
Распишувач на конкурсот е Градоначалникот на Општина Битола
Предмет на конкурсот е избор на Решение за редизајнирање на Кружен тек кај месноста “Дулие“ во Битола на Тема - Круг на јарболите
Конкурсниот труд мора да содржи: графички прилози, текстуално образложение и 3Д анимација
Времето предвидено за изработка и доставување на Решението е од 06.12.2019 година до 10.01.2020 година до 16.00 часот во архивата на општина Битола соба бр.319.
За избранoто Решение, Жири комисијата доделува награда од 60 000, 00 денари за прво наградениот труд и најмногу до 6 000, 00 денари за секој труд кој ќе ги задоволи критериумите на конкурсот.
Жири комисијата го задржува правото да не додели награда.
Со доставување на трудот, учесниците ги прифаќаат сите услови на конкурсот. Со исплатата на наградите на авторите на конкурсните трудови, распишувачот се стекнува со право да ги користи целосно или делумно, повеќекратно
Документацијата може да се подигне на шалтерите во зградата на Општина Битола, почнувајќи од денот на објавување на конкурсот или со превземање од веб страната на Општина Битола www.bitola.gov.mk