2win800x200

Саат кулата од тесто и торта

Декември 14, 2019

Битолската Саат-кула за која се смета дека е стара пет века и дена била изградена со додавање на 60 000 јајца во малтерот, овој пат вештите раце на членките од Организација на жени ја претставија на најкреативен и највкусен начин. Ова култно битолско архитектонско обележје беше дел од нивната инспирација да ја подготват свечената трпеза „Новогодишна Битола“ на интернационалниот гастрономски натпревар во Етно Село во Кумановско, пренесува порталот Сдк смарт.

 

Учесниците од Битола од тесто го соѕидаа Градскиот часовник, а негов мотив во зимски пејсаж ставија и на новогодишната торта. Празничната трпеза од Организација на жени изобилуваше со битолска симболика..

„Инспирацијата ни беше Битола, преточена низ традиционална храна, претставена на модерен начин. Орешачник од печени кори со фил од ореви и солена торта претставени како Хераклеја. Мозаиците ги изработивме, едниот од лушпи од јајца лепени на нори алга, а другиот од семиња со ориз, леќа, црна и хималајска сол, сончоглед, семки. Потоа, изработивме за главно јадење три вида на месо претставено како фонтаната кај Саатот, салата како молика, свежа салата како паун, кој ја претставува Зоолошката градина во Битола“, рече коодинаторката на умешните битолчанки Весна Тодоровска Алачковска.collageKLKKL

Во подготвката на оваа оригинална трпеза учествуваа и Светлана Петковска, претседател на Организацијата, Лилјана Ракосовска, Верица Бутлевска, Данче Милошевска, Виолета Николовска Златевска и  Мирјана Кицева.  Во ремек делата од храна помогна и надворешниот соработник Марјан Милошевски од позната битолска пекара кој ја подготви Саат кулата од тесто.zenite i masata

Организацијата на жени на натпреварот доби допломи за најуспешна организација, најдобро декорирана маса, Весна Тодоровска Алачковска признание за шефица на година, воедно имаше и признзнија за другите учеснички.

 Организацијата на жени од Битола годинава прослави 75 години постоење.

https://smart.sdk.mk/zdravi-naviki/vkusno/bitolchanki-na-natprevar-vo-kumanovo-se-pretstavija-so-saat-kula-od-testo-i-mozaitsi-na-herakleja-od-pitulitsi/

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани