АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Обезбедувањето на Општина Битола по синоќешниот протест пријавило во Битолската полиција дека има оштетување на стаклата од општинската зграда, потврдија за Апла.мк од СВР Битола. Од таму велат дека направен е увид од нивна страна и дека утврдена е мала материјална штета. .
На снимките кои беа објавени вчера на социјалните мрежи во еден дел се гледа дека групата која протестираше фрла со јајца по општинската фасада и влезната врата, а некој им довикува „немојте да фрлате со тврди предмети , туку со јајца, нема смисла“. Во текот на денот додека преку фејсбук се пренесуваше повикот за протест, еден од организаторите напиша дека ќе носи камења и јајца, зашто кога некој сака да ги убие(тука се мисли на загадениот водух н.з.), нема компромис, ако треба ќе се тепаат.
Ж.З.