2win800x200

Децата на безбедно, таткото во притвор

Декември 23, 2019

Трите малолетни деца кој таткото ги силувал во сопствениот дом, сега се згрижени и заедно со мајката се безбедни, информираат од Ценатрот за социјални работи во Битола. На 58 годишниот битолчанец  по барање на обвинителството, Основниот суд од  му одреди 30 дневен  притвор.

Таткото во повеќе наврати годинава дома  сексуалано ги злоупотребувал децата на возраст  од 13, 8 и 6 години. Тој е поранешен затвореник, одлежал 8 годишна затворска казна. Исто така е алкхоличар, поради што трпело и семејството, кое живеело во сиромаштија и тешки услови.

 Децата редовно одат на училиште, а социјалните работници процениле дека мајката може да се грижи за нив, па засега остануваат со неа. Мајката и трите малолетни деца, кои биле жртви на сопствениот татко,  ќе бидат под контрола на  стручен тим на Центарот за социјлани работи од Битола.

Таткото монструм бил пријавен во полиција во петокот

" На 20.12.2019 во СВР Битола, од страна на Центарот за социјални работи во Битола добиено е писмено известување дека се сомневаат за извршено кривично дело “Полов напад на дете кое не наполнило 14 години” од член 188 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Во содејство на Јавното Обвинителство и Министерството за внатрешни работи постапено е по пријавата ,при што на ден 21.12.2019 година лицето В.П(58) од Битола е лишено од слобода и предадено на обвинителството, се наведува во соопштението од полиција.

За овој грозоморен чин битолското обвинителство спроведе истражана постапка, а таткото  е осомничен за три продолжени кривични дела полов напад и други полови дејствија врз дете кое не наполнило 14 години.

Според кривичниот законик за ова кривично дело на таткото кој ги силувал  трите малолетни деца му се заканува казна затвор од најмлаку 12 години.

Е.М.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани