2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Училиштето „Кирил и Методиј“ доби еколошко греење наместо досегашните дрва и пепел

Јануари 21, 2020

Во Основното училиште „Кирил и Методиј“ во Битола се пушти во употреба новиот еколошки систем за греење со клима инвертери. Инвестицијата е вредна пет милиони денари, пари обезбедени преку Министерството за животна средина, по проект на Општина Битола.

 

„Почетокот на учебната година е со еколошка инвестиција за чист воздух во ОУ ‘Кирил и Методиј’ каде се промени начинот на греење. Наместо огромната количина на дрва која зафајќала пола школски двор, пепелта која е штетана и чадот, од денес ќе имаме еколошки инвертори кои нема да загадуваат. Ова е добро и за децата и за околината зашто емисиите од чадот се ширеа и кон соседните згради и објекти. Според Европската агенција за животна средина, емисиониот фактор на еден кубик дрва емитува 1 килограм ПМ 2,5 и 1 килограмг ПМ 10 честички што значи 130 килограми помалку ПМ 10 И 130 килограми ПМ 2,5 честички во воздухот во Битола“, рече заменик министерот за животна средина Јани Макрадули.дир

Градоначалничката Наташа Петровска најави дека еколошки систем на греење ќе постават и во уште едно училиште или градинка.

„Ова е потврда за успешната соработка на оваа локална власт и централната власт, особено со Министерството за животна средина. На почетокот на второто полугодие имаме ново еколошко греење во нашето централно основно училиште ‘Кирил и Методиј’ . Тоа отвора можност за поголем комодитет на децата и е ефикасно оти дава голем придонес за заштита на животна средина. Воедно во училиштето во Кукуречани променети се 24 врати со што се придонесува за енергетската ефикасност што исто така е придонес за животна средина’’, рече Петровска.

Централното основното училиште „Кирил и Методиј“ брои 456 ученици. 

„Досега центалната училишна зграда имаше топловодно греење на дрва со што бевме посочени како голем загадувач во централното градско подрачје. Со овој начин на греење ќе има добробит најмногу за учениците, наставниците, а и за градот зашто сме свесни дека имаме големо загадување. Покрај греењето во летниот период имаме и ладење“, рече директорот Душко Костовски.

КАКО БЕШЕ ДО СЕГА? 

pepel

pora sistem

drva

ЕТЕ КАКО Е ДЕНЕС

sega

sega 3 2

sega 3

sega 4

Ж.З.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани