Утрово "Комуналец" ги чисти остатоците од ѓубре што вчера беа запалени на обиколницата кај дивата населба. Покрај смет гореа и гуми, па чад и непријатна миризба се чувствуваа и во градот.
На овој начин жителите изразија револт бидејќи од саботата немаат струја кога изгоре трансформаторот од преоптовареност.
Ѓубрето го запалија на битолската обиколница која неодамна беше реконструирана, а го блокираа и сообраќајот неколку часа. Некои добиле информации дека новата трафостаница не може да се изгради за брзо, па одлучија на овој начин да направат притисок.
Редакција Апла.мк