Владимир Роме, нов директор на Техничкото училиште во Битола

Декември 12, 2017

Владимир Роме, е новиот ве-де директор на средното техничко училиште „Ѓорги Наумов“ во Битола. Тој  на оваа позиција доаѓа од редот на професорите  и е  надпартиско решение.

 

Роме е дипломиран електротехнички инженер и од 1999 година е професор во Техничкото по електро група предмети.

Тој доаѓа на местото на Драган Стојановиќ  од ВМРО-ДПМНЕ, на кого денеска му истече мандатот. Пред него на директорската позиција беше Ѓеорги Ташковски, исто така кадар на ВМРО-ДПМНЕ, кој заедно со ексградоначалникот Владимир Талески и уште 22 други директори на училишта и транспортери е обвинет во  судскиот предмет „Транспортер“, за криминал тежок 360 илјади евра.

Техничкото училиште не е со блокирана сметка, но изминатата  недела  по интервенција на градоначалничката Наташа Петровска  заради неплатени сметки кон ЕВН  беше издејствувано  да не му биде исклучена струјата.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани