АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Горан Козаров, актуелниот директор на ЈКП Водовод Битола влегува на листата на кандидати за пратеници на СДСМ и коалицијата на престојните парламентари избори. Козаров според информации на Апла.мк е на добитната 9 позиција. Козаров е регионален координатор на ИЕ 5 на СДСМ. На листата на СДСМ и коалицијата во петтата ИЗ се тројца битолчани, на 3 место е Бисера Костадинова, на 9 Козаров и на 17 местото на листата е Петар Николовски. Носител на листата во петта изборна единица е министерката за одбрана Радмила Шекеринска. Политичките партии ноќеска на полноќ ги поднесоа конечните листи за кандидати за пратеници до ДИК.
А.Б