Владиката Петар: „Црквата која ќе не признае може да ни биде сестра, а не и мајка оти влечеме корени од свети Павле“

Декември 17, 2017

Црквата која ќе ни помогне, да нѐ преизане ќе ни биде сестра, а не и мајка зашто нашата црква има корени од апостол Павле, рече преспанско-пелагонискиот владика Петар за барањето Бугарската православна црква да стане мајка црква на МПЦ.

 

„По најновите збиднувања за мајка црква, ние се имаме изјаснато дека откако насилно ни било одземено апостолското преенство по Втората светска војна, немајќи можности заради тогашните југословенски-комунистички власти, да побараме од некоја друга црква надвор од нашето опкружување да ни даде апостолско преенство, односно да ни хиротониса владици, сме биле принудени, не по наша волја, да земеме апостолско прееснство од Српската црква. Но, единството со СПЦ беше јасно и конкретно, беше само една персонална унија која се гледаше преку единството на патријархот, кој беше патријарх на СПЦ и МПЦ, на српскиот и македонскиот народ. Со тоа што тој престана да се именува како српски и македонски патријарх, престана и функцијата на таа песонална унија или единство на двете цркви“, рече владиката Петар.

Тој додаде дека „со воспоставувањето на просторите на нашата Македонска православна црква во Република Македонија, практично си ги затвори вратите СПЦ да го имаме тој однос и почит што го имавме кон неа која е и природно да не претстави пред другите помесни праволсавни цркви. А сега која црква друга ќе се јави да не претстави, таа ќе биде земена во почит како црква која се грижи за нас. Но, не како мајка, туку како сестра павославна црква зашто таа која прва ќе не признае стануваме со неа и прва сестра црква“, рече г.Петар.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани