2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Апла.мк во обиколка за време на полицискиот час вечерва (фото и видео)

Март 24, 2020

Неколку полициски екипи  и едно такси возило, тоа е се што екипата на апла.ми вечерва затекна на обиколката низ градот по 21 часот, за време на полицискиот час.

IMG 20200324 211210

Со автомобил минав низ улицата "Иван Милутинови", а на крстосницата со улицата "Едвард Кардељ" беше првото запирање од полициска екипа со возило.

IMG 20200324 211907

По легитимирањето ја продолжив обиколката по улицата до кружниот тек кај Домот за народно здравје, потоа покрај стаклената зграда, па кај крстосницата кај Грозодот, до хотелот Епинал.

IMG 20200324 214050

Ниту едно возило, ниеден пешак. Иста беше обиколката по Широк Сокак пеш. Овде пресретнав тричлена полициска екипа, која побара да се легитимирам и дозвола за движење за време на полицискиот час. 

IMG 20200324 213105

Непријатно и крајно непознато е чувството да  си ги слушаш само сопствените чекори на  главната битолска улица, која вообичаено, во ова време, околу 21 часот и лето и зима е раздвижено.

IMG 20200324 213559

Она што може да се каже, барем за периодот пред полноќ, битолчани го почитуваат полицискиот час.

Во својата понова историја, во независна Македонија, ова не е прв полициски час кој го паметат битолчани. Ограничено движење имаше и за време на конфликтот во 2001 година, безмалку пред 20 години.

IMG 20200324 212911

Емилија Мисирлиевски

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани