АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Патници со торби доцна попладневно од два автобуси со скопски регистарски таблички беа истоварени во центарот на Битола. Настанот беше забележан од повеќемина битолчани, а наши читатели кои случајно минуваа од таму ни пратија фотографии. Автобусите беа во придружба на полиција. Откако патниците се истоварија и сместија, местото го чуваше полиција.
Неофицијално од МВР за Апла.мк потврдуваат дека се работи за еден од битолските хотели кој е пријавен да биде карантин и патниците кои дојдоа со автобусите се сместени во него. Неофицијално станува збор за наши државјани од Малта кои се вратија дома и треба превентивно да поминат 14 денови во карантин.