АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во хотелот Молика на Пелистер синоќа пристигна уште една група од 26 лица за претстој во државен карантин. Лицата се од различни градови и истите се пристигнати на скопскиот аеродром со лет од Германија. Во моментот во хотел Молика престојуваат 99 граѓани во организиран карантин, со што капацитетот на хотелот е исполнет. Сите активности течат според пропишаниот протокол, соопштија од ЕСМ.