2win800x200

Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе го испитува случајот во Старскиот дом во Битола

Април 09, 2020

Државниот санитарен и здравствен инспкеторат ќе ја испита целата постапка, односно целокупниот процес во Старскиот дом „Сју Рајдер“ во Битола каде 85 годишен штитение е заболен од коронавирус, најави министерот за здравство Венко Филипче.

„Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе ја испита целата постапка, целокупниот процес од приемот , па како се одвивал целиот процес третман на давање услуга и нега на штитеникот таму. Ќе го чекаме наодот од увидот. Инаку, штитеникот бил примен на 18 март, една недела подоцна однесен на Инфективното одделение во Клиничката болница поради покачена температура, а следните денови добиена е потврда дека брисот КОВИД-19 е позитивен. Земени се брисеви на сите во останатите соби, на дел од персоналот кои биле во контакт, а дадени се препораки за темелно чистење“, рече Филипче.

Министерот рече дека во Старскиот дом е завршена епидемиолошката анкета. Инаку двајцата старци кои биле во собата со заболениот штитеник се негативни на вирусот. Се очекуваат резултати од другите брисеви кои се земени од штитеници и вработени. Осумина од вработените се во домашна изолација. 

Ж.З.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани