АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Починало едномесечно бебе од Битола, соопштија од Битолската полиција. Пријавата за смртниот случај на бебе на улица „Кленовац“ во Битола , СВР ја добиле вчера околу 13.50 часот. Од лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Битола. Засега нема официјална потврда дека од бебето бил земен брис за да се испита евентуално присуство на КОВИД-19.