АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Кој вели дека веќе нема градски битолчани и дека не се зачувал дијалектот? Токму фејсбук групата „Стари битолчани“ основана од битолчанецот Благој Митревски деновиве покажа дека духот на битолчани и спомените за стара Битола и тоа како се живи, а зборовите по битолски течат ко река. Групата брои над 5000 членови, а нивниот број секојдневно расти. Можат да се прочитаат битолски муабети, подзаборавени зборови, фрази и други чамче муабети. Некои од нив разбирливи само за битолчани.
Групата им служи за разонода на битолчани во услови кога поради моменталната ситуација со коронавирусот се затворени дома и се бомбрадирани со вести за болеста. Битолчани се сплотуваат редејќи думи на битолски. Дел од нив ги пренесуваме изворно како што се напишани на фејсбук групата „Стари битолчани“ заедно со името на авторите:
1.Цел ден, стави-крени прајме...(Љубица Стерјева)
2.Ало, ти да не знајш па, од која страна течи Драгоро? Глата чалма клаја. (Билјана Лазаревска)
3.Аздисана донемајкаде! Оди, не се мандори. (Татјана Новаковиќ)
4.Некој шо му се отворени двете четрнајсе. (Никола Трајановски)
5.Отракан! Аааа, тој беше од големото доброутро (Златко Талевски)
6.Чупиња, која од вас има праено таписерија со вуница? ( Валентина Митревска)
7.Разбравте, денес не важел полицискио час, кој сака можи да оди со на Паца бродо кај Фики на тараса (Ема Момировски)
8.Има нешто мака и те прашва за совет, ти му објаснуваш пол сат, устата пена ти фати.. На крајот ти вика: Абе кузнај како е... (Александар Димитровски)
9.Кој има зборвано ластоечки мофорифи шофо прафавифиш туфукафа (Лијана Стојановска)
10.Како е правилно битолски за појадок- доручек или поручек (Славица Георг)
11.Пењал се непењал, пари сум дал ќе го јам. Купил некој сапун место кашкавал и тој јадито се пени и рекол море пењал се не пењал пари сум дали ке го јам (Марија Маца Периќ)
-Гузеде сапуно (Горан Михајловски)
12.Дали ги памтите компирчињата прежени шо се продаваа во приколка кај бутките пред Епинал? Во мала и голема ќулафка (Јелена Поповска
13.Шанкуре едно! ( Сашо Мурговски)
14.Четворица Кабадаи-Еснафи и еден Јабанџија... (Милчо Павловски )
15.Најубајте тулумби, индијанки и боза слаткарница Шехерзада (Зоран Марковски Марката)
16.Си реков да ти речам, да ти речам како да ти речам, ама ај си реков да ти речам оти ќе речиш ете не ми рече. Со дикат. (Горан Стојковски )
17.Бабе облечи го џамаданчето да не настиниш (Тина Родовска)
18 Ујдисани како учкур и гаќи ( Спирковска Лидија)
19.Остајте ја неа, дандана ќе не' напрај...(Весна Бендевска )
20.Лежи лебу да те јадам (Каролина Кулевска)
21Своја убавина имаше калдрмата во Ѓинимале и камењата пред секоја порта (Елена Ѓоргиевска)
22.Ко манат со тесла по гла (Анастасија Јосифовска)
23.Пак, љуфна бе (Игор Лавчановски)
24.Не мојме да напрајме по една штрафта на Корзо за Велигден со новите алишта (Мирјана Матевска)
25.Места за договор на средби: фотнтанта, Сато, Македонија киното, кај компирчињата.. (Љупчо Петровски)
(Преземено од фб групата „Стари битолчани“ )