2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

За Нова година забава со „Боеми“ на Магнолија

Декември 25, 2017

За Нова година битолчани кои ќе одлучат вечерта да ја минат на плоштадот Магнолија ќе имаат можност да уживаат во новогодишен џубокс. Во него од 21,30 часот до еден по полноќ ќе настапат музичката група „Боеми“, Борче Наумовски, Бојан Стојков и актерите Илина Чоревска, Маја Андоновска Илијевска, Викторија Степановска Јанкуловска и Марјан Ѓоргиевски.

 

Претходно, во периодот од 20,30 со 21,30 часот присутните ќе ги забавуваат диџеи.

Истиот ден, поточно на 31 декември, со почеток од 11 до 15 часот на плоштадот ќе има детска програма со настап на изведувачи на песни од детски музички фестивали и детски театарски претстави.

Во рамките на програмата за дочек на Новата година се вбројува и новогодишниот хуманитарен настан „Да покажеме хуманост, да предизвикаме радост кај оние на кои им е најпотребна“ што ќе се одржи во Куќичата на Дедо Мраз, оваа сабота. Истиот ден вечерта во Центарот за култура, Новогодишен концерт ќе одржи Камерниот оркестар на Битола.

Годинешната програма за дочек на Новата година ќе биде достоинствена и поскормна зашто како што најавија општинските власти, Општина Битола наследи многу долгови од претходната власт, па нема веќе да се дозволат луксузни дочеци како во изминатите години. Претходно се случуваше за новогодишната програма Општината да потрошат по 50 000 евра. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани