2win800x200

Советниците ја изгласаа донација за лабораторија за КОВИД-19

Мај 11, 2020

Советот на Општина Битола  денес едногласно одлучи од општинслиот буџет да се донираат 600 000 денари  за опремување на микробиолошката лабораторија за молекуларна дијагностика во Центарот за јавно здравје во Битола да може да врши тестирања на КОВИД-19. Целта е ефикасно и навремено детектирање на пациентите со коронавиру, а донацијата од Општина Битола е на иницијатива на градоначалниќката Петровска. Средствата од Општината ќе бидат искористени за обезбедување на просторни услови, а компанијата ,,Кромберг и Шуберт" ќе набави апарат во износ од 1,8 милиони денари. 

 
,,По новите стандарди потрени се четири посебни лаборатории, со бесконтактно отворање на врати, се да биде бесконтактно. Оваа инвестиција ќе биде многу важна не само за градот, туку и пошироко зашто ќе бидеме прва лабораторија надвор од Скопје за КОВИД-19. Сега секојдневно носиме брисеви до Скопје и тоа се огромни трошоци. Пациентите и докторите чекаат по неколку дена за резултат, па ова ќе биде голем исчекор во справувањето со оваа криза. Веројатно ќе има потреба од уште поголем број тестирања. Веќе имаме најави за Грција, Хрватска и други држави дека ваков резултат не постар од 72 часа ќе биде исто што и пасош", рече Елизабета Крстевска, директор на Центарот за јавно здравје од Битола која беше  присутна на седницата.
 
Запрашана кога ќе биде готова лабораторијата, Крстевска рече дека апаратот треба да стигне следната недла, а градежните работи се веќе во тек. 
,,Има многу специфични барања за лабораторијата. Потоа увид ќе направи  комисија од Скопје, па обука од неколку денови на кадарот во Битола, па пробни тестирања. Очекуваме до крајот на мај сите овие процедури да завршат ако оди се според планираното, па да започнеме со дијагностика", рече Крстевска.
Дневно ќе се прават по 50 тестови што ќе биде доволно за Југозападниот регион. Лабораторијата во иднина ќе може да се користи и за други респираторни и вирусни инфекции. 
 
Ж.З. 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани