2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Се разгледуваа идејни решенија за намена на Офицерскиот дом

Мај 15, 2020

Во рамките на проектот за реставрација и адаптација на Офицерскиот дом, во салата на Општина Битола се одржа презентација за идејните решенија за неговата функционална употреба. Решенијата произлегоа од претходно одржаниот состанок на претставници на културните институции, мислењата на стручните лица, како и мислењето на граѓаните искажано преку платформата Урбан дијалог, soop[tija od Op[tina Bitola. 

„Сублиматот беше претставен пред градоначалничката на Општина Битола м-р Наташа Петровска, како и пред дел од општинската администрација надлежна за реализацијата на проектот и неговата натамошна намена. Се конкретизираа одредени намени на објектот и неговата околина, во однос на функционалноста и одржливоста, кои понатаму ќе се доработуваат и преку проектната документација ќе бидат доставени до Светска банка и делегацијата на ЕУ“, стои во соопштението од Општината. 

 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани