АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Лице вработено како технички персонал во битолска градинка е позитивно на КОВИД-19, потврдија од Центарот за јавно здравје за Апла.мк
Заболениот бил евидентиран со помош на скининг тестирањето што се спроведува во Центарот за јавно здравје во Битола врз вработени во градинките.
Од Центарот за јавно здравје велат дека од 216 лица тестирани во Битола, пристигнати се ресултати за 111 лица, од кои само едно е заболено. Како и за сите други заболени, и за овој случај, се преземаат сите мерки по протокол и се испитуваат контактите. Се очекуваат резултатите и за други лица вработени во градинките.
Вработениот од градинката е лицето заведено како нов заболен случај во денешниот билтен на Министерството за здравство. Тој е 26 пацинет од Битола со КОВИД-19, а во моментот активни се само седум случаи. Не се знае дали е поврзан со некој од претходните кластери или е сосема нов. .
Ж.З.