2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Маратонецот Игор Јакимовски кој лани трчаше во Вухан, денес во Битола го собори личниот рекорд

Мај 23, 2020

 

Познатиот македонски маратонец Игор Јакимовски, офицер во АРМ, кој минатата година пред пандемијата учествуваше на Воените светски спортски игри во Вухан, Кина, денес во Битола го собори сопствениот рекорд во трчање. Тој е голем пријател на градската трка ,,Трчај бе" и минатата година кога учествуваше на неа, му се допадна спорскиот дух на градот и одлучи токму тука да се надмине самиот себе. 

Јакимовски утрово трчајки маратон на релација Битола- Меџитлија и назад, а потоа повторувајќи уште еден круг, истрча 42 километри и 195 метри за 2 часа и 47 минути. Неговиот претходен рекорд беше 2 часа 50 минути и 37 секунди. Успеа да го постигне најдобриот резултат во кариерата без натпреварувачки карактер и тоа во ветерански години, на 44 годишна возраст е. 

Досега  истрчал 34 маратони од кои 7 домашни и 27 меѓународни вкупно на 3 континенти. Со атлетика  се замимава три децении. Веќе пет години е тренер на најзвучните атлетски имиња во земјава на средни и долги патеки. Овој пат на  патеката го следеа двајца познати атлетичари во тркачки дисциплини, Кристијан Стојани и Љупчо Стојановски. Ова е најтешката атлетска дисциплина, а да се биде во кондиција и да се истрча маратон е многу комплициран, долг и тежок процес. Игор денес докажа, дека неговите 44 години се само бројка.

“Сум доживувал и победи и одлични пласмани и награди, но исто така и откажувања, колапс, крварење, губење свест, заминување на сред маратон и тонење во жив песок.”- се присетува овој познат македонски маратонец за своите претходни искуства. Секој маратон е посебна приказна и совршена дефиниција за терминот кој го сакаат спортистите “научена лекција”.

За овој подвиг тој се подготвуваше во изминатиот период, а само изминатиот месец истрча околу 650 км за 30 денови. Одработи и еден личен тест на полумаратон и го постави како што тој вели “лудиот предизвик”.Со ова ,,Трчај бе" запишува уште еден настан во кој го слави трчањето од Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани