АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Беше вистинско доживување да се учествува во носењето на штафетата за 25 Мај-Денот на младоста, се присетуваат битолчани. Некои ја носеа само стотина до двесте метри, но споменот им острана врежан засекогаш. Не се знае колку точно, но голем е бројот на битолчани кои ја имале привилегијата во тоа време да бидат дел од поворката на штафетата на младоста во градот и околните села. Една од нив е и битолчанката Гордана Атанасовска која пред четириесетина гоидини беше меѓу младинците кои ја носеа штафетата.
(Фото: Гордана Атанасовска- прва од лево)
„Учествував три години во носењето на штафетата. На сто до девесте метри имаше младинци и си ја предававме од рака на рака и ја носеа на плоштад. Јас бев во групата што ја носеше штафетата и низ селата во Битолско: Олевени, Барешани и други. До пред селото одевеме со возила, а потоа со трчање се носеше на сред село каде нѐ чекаа ученици и младинци, па ја носевме во други села. Задолжително беше носење црвена марама, а кошулите беа војнички и ни ги даваа во извидничката секција“, вели Атанасовска за Апла.мк.
Претседателот на младината во Битола во периодот од 1975 до 1980 година, Душко Јанкуловски, се присетува дека на 25 Мај улиците беа полни со луѓе. Вели дека никој не ги берел, сами излегувале да ја видат штафетата.
„Пречеток на штафетата беше главниот настан. Таа се преземаше од Ресен кај Буково некаде и се носеше во Битола на плоштад, низ улиците, а потоа се предаваше на Демир Хисар, продолжуваше за Прилеп. Се носеше во тим од еден младинец, младинка и војник, па се предаваше на секои сто до двесте метри. Така, стигнуваше до бината пред Театарот каде се одржуваше прославата. Полно беше гости, ученици, средношклолци, работници, младина. Полно народ беше по улиците. Никој не ги собираше или да ги вика, самиот народ излегуваше да ги види младите како трчаат со штафетата“, вели Јанкуловски.
Историчарот Владо Темелковски- Лавчан се присетува дека составен дел од манифестацијата биле и слетовите во кое учество земале многу училишта од градот.
„Се одржуваа слетови, финалниот настап беше на Градскиот стадион. Битолчани гостуваа и во Белград, зашто секоја година се одбираа од цела Југославија учесници на главната манифестација во Белград. Многу битолчани имаа учествувано и на тамошни слетови, некои беа гости и на приемите кај Тито на 25 Мај“, вели Лавчан.
Штафетите што се носеа низ градовите беа еден вид двојник на вистинската штафетна палка што на 25 Мај му се предаваше на престедателот Тито на стадионот на ЈНА во Белгград, по повод неговиот роденден и Денот на Малдоста. Повеќе од 10 000 младинци ја трчале патеката долга и по 9 000 километри за да ја достават штафетата до Тито. Освен главната штафета имало и други кои стигнувале од разни места на Југославија. Во музејот на историјата на Југославија се изложени 192 штафети, а првата од нив му е предадена на Тито во 1945 година. Денот на младоста е востановен на негова иницијатива во 1957 година.
Според зачуваните податоци тројца Македеонци му ја имале предадено штафетата на другарот Тито: Миле Гавритов, машински техничар од фабриката „Македонка“ од Штип во 1960 година. Потоа, во 1970 година штафетната палка во Белград му ја предаде ученичката при Гимназијата „Јосип Броз Тито“ од Скопје, Чеде Ѓорѓевски, студент од Скопје (1978 година) и Татјана Додевска, вработена како најдобра студентка во тогашниот Секретаријат за внатрешни работи во Куманово (1986 година).
Битолчанец меѓу нив немало, но останува податокот дека во 1982 година штафетата тргнала од Прилеп, а по тој повод на свеченоста, песната „Друже Тито ми ти се кунемо“ ја извел познатиот битолски солист Сефедин Бајрамов.
Ж.З.