АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Машки близнаци се првите новороденчиња во Новата година во Битола. Во битолската болница во текот на новогодишната ноќ се родија вкупно 9 бебиња, 5 машки и 4 девојчиња.
- Првиот ден на гинеколошко-акушерското одделение во Клиничката болница Битола среќен, плоден и бериќетен. Во текот на новогодишното дежурство, породени се 9, од нив 7 раѓања се по природен пат и две раѓања со царски рез. Првите новородени се близнаци, првиот роден на полноќ, тежок 2400 г долг 45 сантиметри, вториот близнак една минута после полноќ, 2410 г долго 45 сантиметри. Неизмерна радост близнаците и донесоа на мајката Александра Стрезовска, 32-годишна , второротка. Сите новородени се здрави и живи, во добра кондиција, мајките во општа добра состојба. Минатата година ја завршивме со 1110 раѓања, со надеж дека оваа година ќе имаме уште повеќе новородени, изјави д-р Николина Ристевска, гинеколог
Мајките и новороденчињата ги посети градоначалничката Наташа Петровска.
-На сите им поскаувам здравје, живот, да се радуваат родителите на нив и да ги израснат во личности кои зад себе ќе остават трага и ќе покажат што значи да ги цените благодетите на животот. Ова е голема радост, а една од привилегиите да се биде градоначалник е токму да се радувате на ваквите мигови, изјави Наташа Петровска, градоначалник на Битола