АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Битолската полицијата никако да ги „начека“ крадците кои дење, буквално секој ден со часови ги пустошат објектите во поранешната Битолска касарна. На пријава на граѓани дека напуштените објекти во касарната останаа без покриви и без се што може да се однесе од нив , ни кажаа дека при контрола полициските службеници никого не затекнала во овие објекти. А арамилакот жителите од околните згради не само што го гледаат, туку и го слушаат, бидејќи се кради гаѓа, лимови, талпи, греди, па бучавата е голема, или за споредба иста како она на градилиште. Пред еден месец на фотографиите што ги објави Апла.мк и оваа од денес се гледа колку напредуваат арамиите.
За неполн месец соголен е целиот покрив.
Од Општина Битола велат дека зградата на Мега ТВ и зградата до неа, во нивната евиденција и во Имотниот лист се нумерирани како објект 51.52.и 53 и истите Општина Битола ги продала по пат на јавно електронско надавање во 2015 година. Како купувач на зградата 51 бил ХДТВ МЕГА ДООЕЛ Скопје и истиот и денес е запишан како сопственик во ИЛ 94604 за КО Битола1/2.
Купувач на зграда 52 е КТ ФИЛМ И МЕДИА увоз извоз ДООЕЛ Битола и истиот и денес е запишан како сопственик во ИЛ 933679 и ИЛ 93535 за КО Битола 1/2.
Објектите на Општина Битола се обезбедуваат велат од општината.
-За зачувување на останатите објекти во комплексот АРМ 1 и АРМ 2, кои се во сопственост на Општина Битола, задолжена е агенција за обезбедување.