2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Докторката која е на првата борбена линија со коронавирусот во Битолската болница

Јуни 14, 2020

Интервју со примариус д-р Ели Димитровска, инфектолог во Службата за инфективни болести при Клиничка болница Битола 

 

-Позади Вас стои стаж од 37 години работа на Инфективното одделение во Битолската болница. Со какви сѐ заразни болести сте се соочиле?

Долги години сум инфектолог. Од 1983 година моето прво вработување беше на ова одделение. Бев и професор по инфектологија во Средното медицинско училиште. Од првиот момент некако се поврзав со инфектологијата и неа ја избрав за моја идна специјалност. Целиот работен век од првиот работен ден до денес го минувам тука во Службата. Сум се соочила со премногу предизвици. Бев учесник во решавањето на голем број заразни болести кои се јавуваа и во епидемиска форма. За разлика од последниов период кога доминираат вирусните заразни болести, во почетокот на мојата професионална кариера сум имала можност да се соочам со голем број на бактериски заразни болести кои имале епидемиски размери. Во прв ред ќе ја спомнам бруцелозата, од која денес имаме само спорадични случаи. Па, епидемии на тифус, паратифус. Сум лекувала млади пациенти, па мали невакцинирани кои биле болни од голема кашлица, сме имале епидемија на заразна жолтица, која денес е решена.

-При крајот на кариерата се соочувате со една од досега најопасните болести КОВИД-19. Каков е предизвикот?

Предизвикот е многу голем. Ова е еден од најголемите, ако не е и најголем предизвик во мојата кариера како инфектолог. Работиме со болест која е недоволно објаснета, недоволно позната, секој ден се соочуваме со пациенти коишто се КОВИД поизтивни, инфицирани од вирус кој е многу моќен, многу патоген, кој е недоволно јасен сѐ уште и непредвидлив. На нашиот КОВИД оддел третираме пациенти од целиот Југозападен Регион со средно тешка клиничка слика тоа значи со воспалителни процеси на бели дробови. Пациенти кои главно се од територијата на Охрид и Струга. Одделни пациенти се на кислородна поддршка. Ги следиме 24 часа, на располагање ни е био-хемиската лабораторија, рендгенот, компјутери и друго.

-Препоставувате ли дека некогаш исто како на филмовите ќе работите во скафандери?

Сѐ уште белиот мантил е наше заштитно одело. Сега како што налага ситуацијата, така се менуваат и нашите навики и униформа. Скафандери користевме и пред десетина години кога имаше светска епидемија на свински грип Х1Н1. Тогаш имавме неколку случаи од Битола позитивни на овој вирус. Некои ги третиравме на нашето одделение, па и тогаш облекувавме скафандери. Скафандерот за нас не е нешто непознато, но сега веќе стана наше секојдневие. Некогаш се случува по четири и повеќе часа да не го соблекуваме, користиме и друга заштитна опрема маски, неколку пара ракавици, визири се со цел самозаштита и заштита на персоналот и пациентите.

-Има ли интерес кај младите лекари да специјализираат инфектологија?

Во моментов на КОВИД одделот работиме 4 инфектолози екипирани со средно медицински и високо медицински персонал. За нас како млади доктори предизвик беше инфектологијата , ја прифајќавме со голема љубов и ентизијазам. Имавме голем број на колеги кои заминаа во пензија. Но, во последните години некако интересот за инфектологијата се намали од страна на младите колеги. Млади специјализанти ние немаме. Веројатно, младите доктори се повеќе заинтересирани за поатрактивните медицински специјалности, а јас како еден од највозрасните инфектолози во регионот можам да кажам дека инфектологијата е хумана специјалност која е мутидисциплинарна, мултисистемска. Би апелирала до младите доктори да ја прифајќаат инфектологијата зашто е многу хумана и носи големи предизвици и големо задоволство кога ќе видиме дека нашите пациенти се излекувани.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани