АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Еден болничар на Хируршкото одделение во Битолската болница е позитивен, а двајца негови колеги се во изолација, соопшти минисерто за здравство Венко Филипче.
Симптоми има и еден хирург во Клиничката болница во Битола, а тој денеска ќе биде тестиран и останува во изолација.
На Инфективното одделение се хоспитализрани 26 пациенти, односно 22 во КОВИД одделот, а 4 во одделението за суспектни пациенти. Капацитетот речиси е исполнет, затоа што има уште 3 слободни кревети во КОВИД одделот, а уште 8 слободни кревети во одделенеито за суспектни пациенти. Овие пацинети се од целиот Југозападен Регион
Во Битола досега се регстрирани 31 позитивен пациент, а стотина се во изолација