АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Започнаа градежните активности за реконструкција на улицата „Партизанска“ до крстосницата со „Методија Андонов Ченто“ во должина од 730 метри и вредност од 581 000 евра обезбедени од Министерството за транспорт и врски. Општината во оваа реконструкција вложува 350 000 евра за канализациона и водоводна мрежа.
„Улицата беше во очајна состојба, санацијата ќе даде поинаква слика.Со ова се потврдува дека сите проекти што во изминатиот период ги изготвувавме со целокупна проектна документација го гледаат светлото на денот. Се случуваат низа градежни активности што покажуваат максимслна искористеност на градежната сезона.Овие градежни активности го потврдуваат она што го кажувавме, како треба домаќински да се работи со парите од општинскиот буџет. Дополнително сакам да кажам дека содстојбата со буџетот и покрај сите обештетувања што ги вршиме како наследени долгови е стабилна. Проекциите за следниот период во делот на финансиите потврдуваат дека можеме да се движиме со оваа динамика. Се надевам дека изведуважачите ќе го почитуваат рокот за изведба и ќе нема потрба од интервенивија кои ќе носат санкции за изведувачот за неизведување“, рече градоначалничката Наташа Петровска.
.