Пет новозаболени во Битола, активни се 49 случаи

Јули 21, 2020

Денес во статистиката на Министерството за здравство се регистрирани 5 новозаболени лица од КОВИД-19 во Битола, со што вкупниот број е 94, а активни слуачи има 49. Во Центарот за јавно здравје направени се вкупно 25 тестирања во изминатите 24 часа.  Во болницата во Битола се хоспитализирани 37 лица. 

 

Министерството за здравство информира дека во државата во  последните 24 часа се направени 1636 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на ковид-19 во:

Скопје-52, Куманово-21, Дебар-2, Штип-33, Тетово-4, Струга-7, Велес-2, Битола-5, Охрид-1, Кавадарци-4, Гостивар-17, Струмица-2, Кочани-2, Пробиштип-2, Демир Хисар-3, Македонски Брод-1, Свети Николе-3, Кичево-1, Ресен-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 69 оздравен пациент од: Скопје-41, Дебар-1, Штип-10, Прилеп-4, Тетово-1, Велес-3, Кавадарци-2, Гостивар-6, Пробиштип-1.

Нема починати пациенти. 

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9412,  бројката на оздравени пациенти е 4940, на починати е 432, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4040. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:


•       Скопје 4350, активни 1892
•       Куманово 933, активни 247
•       Дебар 175, активни 112
•       Штип 640, активни 324
•       Прилеп 311, активни 54
•       Тетово 955, активни 302
•       Струга 377, активни 195
•       Велес 208, активни 29
•       Битола 94, активни 49
•       Охрид 245, активни 130
•       Кавадарци 33, активни 19
•       Гостивар 315, активни 207
•       Гевгелија 19, активни 8 (*6 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 2 на Богданци)
•       Струмица 33, активни 24
•       Крива Паланка 22, активни 8
•       Радовиш 23, активни 19
•       Крушево 14, активни 9
•       Кочани 91, активни 23
•       Пробиштип 45, активни 28
•       Демир Хисар 18, активни 16
•       Македонски Брод 10, активни 6
•       Пехчево 6, активни 0
•       Берово 4, активни 1
•       Валандово 6, активни 0
•       Виница 5, активни 2
•       Делчево 1, активни 0
•       Кратово 12, активни 7
•       Свети Николе 203, активни 188
•       Кичево 101, активни 82
•       Ресен 141, активни 57
•       Неготино 22, активни 2 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1636 теста се преку: ИЈЗ-729, ЦЈЗ Скопје-10, Авицена-128, Биотек-163, МАНУ -176, Жан Митрев (Филип Втори)-215, Систина со PCR метода -158, Судска медицина -10, ЦЈЗ Битола-25, Инфективна клиника-4, ГАК-18. Досега во земјата се направени вкупно 88179 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 86 пациент. На кислородна поддршка се 34 пациенти, нема пациенти на респираторна машина. 

Во болницата во Козле се хоспитализирани 17 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 7 позитивни деца, 1 дете и 1 мајка суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 10 нови, вкупно хоспитализирани се 92 пациент. На респираторна машина се 7 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 37 пациенти,  а во болницата во Штип се хоспитализирани 51 пациент. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 132 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.



 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани