АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Продолжува потрагата по 16-годишното момче од Ресенско кое вчера попладне исчезна во водите на Преспанското Езеро. Во потрагата вклучени се нуркачи од Охрид, се користи бродче, чамци и рибарски мрежи.Очевидци кои вчера беа на плажата рекоа дека момчето исчезнало откако се превртила педалинка на која било со двајца други момчиња. Но, сопственикот на педалинките во Претор вели дека не се отпревртила и дека била исправна.
,,Децата ја зедоа педалинката и скокаа од неа. Изјавено било дека педалинката се отпревртила, такво нешто нема. Тие скокале од таа педалинка и се случи трагедија. Многу ни е жал. Беа три деца, двајцата излегоа, а ова скокнало и не се вратило повеќе. Можам да кажам дека на четири и пол метри длабочинa e местото каде што исчезна. Јас не бев тука, моето дете беше и тие учат заедно со моето дете. Многу ни е жал. Педалинката беше исправна и не беше полна со вода”, вели Ведат Адемовски од Асаматаи, сопственик на педалинките во Претор.
Во потрагата по момчето попладнево се очекува да се вклучат и специјални единици од МВР. На плажата во Претор денес нема капачи.