АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Помор на риби се случил денес во водите на река Шемница кај село Лера, јавуваат за Апла.мк наши читатели. Тие велат дека во реката бил фрлен гној од фарма со крави, по што се загадила водата и предизвикала изумирање кај дел од рибниот фонд.
Според фотографиите што ни ги испратија читателите дел од мртвите риби водата ги исфрлила на брегот од реката. Читателите велат дека не е првпат да се случува вакво нешто и дека е неопходна еколошка заштита на водите од реката Шемница.