На денешен ден 08.08.1929 во Белград починал д-р Родолф Арчибалд Рајс, познат форензичар од времето на Првата светска војна, чие срце било однесено во капелата на врвот Кајмакчалан.
Фотографијава (детаљ) е снимена во с.Бач, Битола, 1928 од страна на Јанаки и Милтон Манаки, а е дел од изложбата “Првата светска војна - Сеќавања” (WW1Remembering) која сеуште е отворена во Мала Станица во Скопје. Оригиналната стаклена плоча се чува во Државниот архив на Македонија, одделение Битола.
Нека му е вечна слава, објави на својот ФБ профил Роберт Јанкулоски, фотограф и хроничар на животите на браќата Манаки.
Јанкулоски посвети многу години во истражување на нивното творештво, а автор е и на документарниот филм "Манаки-приказна во слики".
Исто така, автор е на голем број изложби со фотографии од Првата светска војна, поставени кај нас и во Франција