2win800x200

Градинката „Мајски цвет“ почна со работа, уште на првиот ден згрижени 190 деца

Септември 09, 2020

По пауза од шест месеци, денес дечињата се вратија во градинките во Битола. Од ЈОУДГ „Мајски цвет“ за Апла.мк изјавија дека започнаа со работа според сите пропишани протоколи и во комплетно дезинфицирани простории. 

„190 деца денес веќе се згрижени во градинката. Тоа е скоро половина од онаа бројка за која имаме најави дека ќе се врати во градинката деновиве, само им е оставен период на родителите да ги извадат потребните документи. Ќе бидат примени 415 деца, а ова покажува дека интересот е голем и дека градинките се наша голема неопходност. Родителите очекуваа да се отворат вратите на градинките за да можат да се вратат на работните места и да продолжи економскиот тек на работите“, изјави за Апла.мк директорката на „Мајски цвет“, Снежана Тодоровска. 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани