2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

ПОРАКА ОД МОТО ДЕФИЛЕТО ВО БИТОЛА- ДА НЕ СЕ КУПУВААТ ВЕСПИ НА МАЛОЛЕТНИЦИ ПРЕД 16 ГОДИНИ (Фото+видео)

Септември 22, 2020

Со дефиле низ битолските улици мото клубовите од градот во соработка со полицијата испратија порака родителите да не им купуваат веспи и други мотори на малолетници помали од 16 години, а моторциклистите да возат со заштитна опрема и според сообраќајните правила и прописи.

 

 

„Со нашата мала акција сакаме да укажеме за задолжителна потреба од носење на заштитна опрема, пред се' заштитна кацига, а исто така и да упатиме апел до сите родители на малолетните деца да им купуваат веспи и други моторни возола на две тркала се' додека не ги исполнат законските услови за управување со истото, а тоа се да имаат 16 години за управување со возило од А1 категорија, да имаат лекарско уверение, заштитна опрема и да поседуват важечки документ за управување со истото“, рече Даниел Ивановски од Здружение на моторциклисти „Ѓорги Стефановски“ од Битола.motor3

(Фото:Даниел Ивановски од Здружение на моторциклисти „Ѓорги Стефановски“)

Од мото клумот „Конзули“ порачаа дека постојат 10 години, а досега на членовите не им се случиле несреќи зашто возат внимателно и со заштитна опрема.

„На мотор без заштитна опрема не смее да се качи, посебно не без кацига. Мора да се вози по правила. За родителите најважно е да не се купува мотор пред 16 години. Автошколите да воведат курсеви како пред полагање да има некаква едукација, децата да имаат познавање на знаци и сообраќајни правила“, рече Ромео Јовановски претседател на мото клубот „Конзули“ од Битола.

moto

(Фото: Ромео Јовановски претседател на мото клубот „Конзули“)

Од Отсекот за превенција при СВР Битола рекоа дека голема е бројката на затекнати малолетници кои управуваат веспи, а се' уште не ги имаат исполнето условите за управување со истите.

„Да испратиме порака до битолчани и до сите возачи на моторцикли и возачи на патнички моторни возола, да нема урлање, никакви беснеења со моторите и веспите. Ова лето бевме сведоци на урлање низ битолските улици. Не сакаме репресивни мерки да преземаме туку превентивно да дејствуваме не само врз децата туку и врз родителите кои ги купиваат тие веспи и моторцикли. Тука сме за битолчани да им укажеме безбедност во патниот сообраќај“, рече Сашо Гилевски началник на отсекот за превенција при СВР Битола.

saso

Настанот беше во рамки на активностите за одбележување на Европската недела за безбедност во сообраќајот и Европската недела за мобилност.

Следните фотографии се од Драган Скалероски:  

мо3

mo4

mo5

mo3

mo6

mo7

mo8

mo9

mo10

mo11

mo12

mo13

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани