Денес на регионот за ЈЗУ Центар за јавно здравје - Битола се потврдени 7 нови случаи на COVID-19:
-5 во Битола (лица на возраст од 27 до 56 години; две лица даваат податок за контакт со веќе позитивно лице од најблиското семејство);
-2 во Кичево (лица на возраст од 19 и 24 години; едно лице дава податок за контакт со позитивно лице);
Во Д. Хисар и Ресен денес нема новозаболени лица.
Денес се регистрирани 2 оздравени лица (1 од Битола и 1 од Кичево).