АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
По повод националниот празник 11 Октомври, вчера вработени од ЈП „Комуналец“, а по иницијатива на Општина Битола, беа исчистени спомен бистите на паднатите борци во Градскиот парк во Битола, како и проторот околу нив. Се собираа лисјата, органскиот отпад, а вработените од ЈП „Комуналец“ со посебни средства ги исчитија бистите на борците од НОБ.
Градоначалничката Наташа Петровска на својот фб профил напиша: „Во пресрет на 11 Октомври, со длабока почит за оние кои идеолошки чисти се бореа и ги положија своите животи за сите нас“.