2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Општина Битола ќе донира 10 000 евра за средства за кислородна поддршка во Клиничка болница

Октомври 30, 2020

Градоначалничката Наташа Петровска на денешната седница на Совет предложи точка на дневен ред за донација на 10 000 евра на Клиничката болница во Битола за набавка на средства за кислородна поддршка. Доколку точката биде изгласана, средствата ќе бидат префрлени уште денес. 

,,Сите знаеме дека бројот на заболени е зголемен и дека се наоѓаме во исклучително сензитивен период  во кој треба да бидеме уште поподготвени со технички капацитет. Но, и да останеме дисциплирани како граѓани зашто дисциплината е многу важна во овие околности. Средствата ги донираме за набавка на кислородна поддршка доколку биде потребна во следниот период и на тој начин би овозможиле поголем број на наши граѓани да ја имат таа поддршка зашто очекувањата дека таа ќе биде потребна се повеќе од видливи. Со ова покажуваме уште еднаш дека како Општина остануваме одговорни пред предизвокот и остануваме отворени и понатаму да дадеме поддршка на здравствените институции", рече Петровска. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани