Битолчанец починал на Тумбе кафе при утринска прошетка

Февруари 09, 2018

Средовечен битолчанец, утрово околу 7 часот, починал при утринската прошетка на Тумбе кафе. Несреќата се случила во близина на скалите пред искачувањето на оваа рекреативна зона. Настанот ги вознемирил битолчани кои  редовно секое утро рекреираат и се искачуваат на ридот.

Според очевидци, несреќниот битолчанец во безсознание први го нашле три повозрасни жени, редовни рекреативци на Тумбе кафе, веднаш повикале брза помош, но било предоцна за лекарка интервенција. Настанот е пријавен во битолската полиција и во Основното јавно обвинителство. Лефтерија Миленкоска, портпарол на СВР-Битола, за апла.мк, потврди дека обвинителот по извршениот увид не дал насока за обдукција, туку била констатирана природна смрт.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани