АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Петар Георгиев- Калица, добитник на годинешната награда за животно дело ,,4 Ноември" засади дрвце во Алејата на добитниците на ваквото високо општинско признание во Градскиот парк во Битола. Тој за Апла откри дека ситуацијата поврзана со коронакризата, мерките како карантин и слично, го поттикнаа да напише нови музички мотиви поврзани со Битола. Материјалите се доработуваат и кога ќе бидат можни седенки по кафаните како претходно битолчани ќе ги чујат.
,,Годинава ми беше мене редот како добитник овогодишната ,,4 Ноемвриска" награда да посадам дрвце. Благодарност до Општина Битола што воспостави една ваква убава традиција и се надевам дека од година во година ќе се надоградува и ќе биде потсетник за сите нас дека секој треба да даде придонес во изградбата на европска Битола", рече Калица.
,,Трета година со ред засадуваме дрвце по повод Четвртоноемвриската награда за животно дело. Да му честитам на добитникот Калица кој со целокупното свое работење во изминатиот период остави неизбришлив траг во нашиот град. Убава традиција почнавме која сигурно ќе се негува и во иднина зашто на ваков начин испраќаме порака до идните генерации дека вредностите што се создаваат треба да се почитуваат", рече градоначалничката Наташа Петровска.
,,Задоволни сме од позитивното однесување на граѓаните, не ни ги уништија садниците оваа година. Беа таблите оштетени, но ние ги заменивме. Колку што се упорни да оштетуваат ние ќе бидеме упорни да ги надохнадуваме. Имаме идеја која ја разработуваме овој простор дополнително да го оплемениме. Бараме и совети од стручни лица, архитекти, овај простор да добие лик каков што заслужува. Дополнитено ќе вложиме и следната година местото ќе биде уште поубаво", рече Панде Богоевски, директор на ЈП ,,Комуналец".