2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

(Обновено)-Двајца македонски планинари загинале на Кајмакчалан, јавуваат грчките медиуми

Февруари 11, 2018

Синоќа околу 23.30 часот на падините на Кајмакчалан загинале  двајца млади македонски планинари, на возраст од 26-35 години, јавуваат грчките медиуми.

Од нашето МВР велат дека се уште ја проверуваат информацијата.

Димче Јошевски од Дирекцијата за спасување во Битола со екипа од Спасувачи на планина веќе се подготвуваат со санка да тргнат на местото каде според телефоните ги лоцирале планинарите.

-Сега одиме во тек е акција, со хеликоптер не може да се замине па ќе одиме со санка. Станува збор за локација од Лутраки кон Кајмакчалан, кај  една од караулите. Но ги има шест караули и точно не знаеме каде се, изјави за апла.мк Димче Јошевски. 

Според него се работи за група од педесеттина  планинари од Скопје кои вчера заминале за Грција.

 

Грчката телевизија TASTV.GR   во веста пишува

-Веќе некое време, за жал, во 11.30 часот во вечерните часови, двајцата планинари беа пронајдени мртви. Ова е млад човек и млада жена на возраст од 26-35 години од ПЈРМ.
На местото каде што биле пронајдени од страна на мажите на ЕММА и Одделот за противпожарна заштита во Едеса, на 500 метри од параклисот на пророкот Илија на скопската страна.
Утре наутро, ќе се направат напори, и покрај тешките услови кои преовладуваат за пренесување на двајцата несреќни планинари од специјалната противпожарна бригада.
Временските услови на врвот на планината Камакчалан во Ворас продолжуваат да бидат многу опасни како што продолжува снежна бура, снежни врнежи и многу ниските температури.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани