Општина Битола го обајви предлог буџетот за 2021 година, кој како што информираат од таму, во рамките на можностите, вклучени се и идеите, предолозите и иницијативите на граѓани, здружнија, стопанственици.
„Во текот на 2020 година организирани се повеќе средби со граѓани, он-лајн состаноци со невладини организации, здруженија, спортисти, претставници на бизнис секторот, родители, наставници, директори, пензионери и други претставници на различни области на општественото живеење. Во реализираните разговори, пред Градоначалничката Наташа Петровска и стручните служби во Општина Битола, презентирани беа повеќе идеи, иницијативи и предлози, кои согласно можностите за реализација, беше побарано да бидат вклучени во годишните програми или развојната програма на Општина Битола. Свои барања за приоритетни проекти, до општината доставија и претставниците на урбаните и месните заедници, се наведува во соопштението од Општина Битола.
Врз основа на ваквата соработка со граѓаните и пристигнатите предлози, изработен е предлог Буџетот на Општина Битола за 2021 година кој е достапен на увид.
„Заедничкото и транспарентно креирање на буџетот, има за цел заеднички да реализираме бројни проекти, кои потекнуваат од Вас граѓаните и се наш заеднички приоритет. Заедно, локалната самоуправа и граѓаните, можеме да реализираме многу повеќе и да работиме на реализација на визијата за живот во општина, каква што секој жител посакува, наведуваат од Општина Битола.
Сподели