АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Привршуваат активностите на проектот за промена на столаријата и кровната конструкција во Техничкото училиште СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ Битола. Столарија е комплетно заменета во целото училиште како и во спортската сала. Останува уште да се уреди просторот во холот на училиштето со што повеќе нема да има ни трага од ламперијата која како ентериерен декор сведочеше за времето кога беше изградено училиштето пред повеќе од 35 години.
-Работите на кровната конструкција се во завршна фаза и во моментот се поставуваат преостанатите опшивки и вертикалните олуци. Во периодот што следи ќе се врши ревизија на извршените работи и отстранување на евентуалните недостатоци. Училиштето доби сосема нов лик како однадвор така и внатре. Во тек се завршните работи на проектот за обновување на спортските терени на училиштето, за што средствата ги обезбеди општина Битола во износ од 5 милиони денари. По изготвувањето на проектната документација ќе следи оглас за јавна набавка која се очекува да биди спроведена во текот на овој месец. На овој начин уште еднаш се покажа на дело заложбата на општината и градоначалничката Наташа Петровска за подобрување на условите за работа во училиштата во општината, изјави Владимир Роме, директор на Техничкото училиште во Битола.
Претходно исто така со средства на општината во целост беа обновени сантарните јазли и машките тоалети во училиштето. На почетокот на идната година, според директорот Роме, училиштето ќе аплицира со проект за изработка на нова фасада со термичка изолација со што ќе се добие енергетски ефикасен објект.