2win800x200

Се извини битолчанката која извади лажна вест дека за Петровска се ослободил цел спрат на болница

Декември 11, 2020

Битолчанката која вчера вечер на социјалните мрежи објави лажана вест дека цел кат бил ослободен од Инфективното одделение во Битолската болница за да се лекува градоначалничката Наташа Петровска, денес јавно се извини преку фејсбук. Нејзниот статус вчера предизвика лавина на реакции и навреди упатени на адреса на Петровска иако веста не беше вистинита, а денес онаа која ја напиша лажната вест вели дека немала лоша намера и дека и сама се згрозила од коментарите.

„Се извинувам за статусот од синоќа во кој изнесов невистини за Градоначалничката Наташа Петровска и предизвикав лавина на невкусни коментари од кои се згрозив самата. Немав никакви лоши намери, едноставно бев понесена од лажни информации! Уште еднаш се извинувам на градоначалничката и посакувам што побрзо опоравување“, напиша битолчанката во извинувањето.

Нејзиниот вчерашен статус беше пренесен и од фејсбук страници кои се прокламираат како двигатели на активности за подобра Битола, а иако имаат администратори, вчера лажната вест не беше повлечена, туку беше дозволено да се пишуваат коментари од кои поголемиот дел невкусни.

Во целост ви ја пренесуваме објавената лажна вест : „Вчера вечер на Инфективното одделение во Битола беа преместувани пацинети болни од ковид 19 со изгорвор дека се реновира. Не се реновира! Го ослободија целиот спрат за да лежи градоначалничката на Битола Наташа Петровска, срамота“.130750897 197639711963171 4870863676099060775 n

Ова уште еднаш покажа дека одредени социјални мрежи се подобрни за ширење на лажни вести, но ни за тоа до каде е медиумската писменост на народот да зема здраво за готово вести што се објавуваат на фејсбук, а за кои нема проверка, ни потврда.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани