2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

ЗА МНОГУ СКОРО ЗРАЧНА ТЕРАПИЈА ВО БИТОЛСКАТА БОЛНИЦА

Февруари 15, 2018

Започна монтирањето на акцелераторот во Клиничката болница во Битола со што за многу скоро време, за месец до два пациентите од канцер ќе добиваат зрачна терапија.

Заменик министерот за здравство Гоце Чакаровски при денешната посета на Клиничката болница рече дека акцелераторот долго време бил во визбата на болницата, а со промената на власта целта на Министерството за здравство е да го стави во функција. 
"Ги исконтактиравме сите изведувачи и оние кои ја набавија опремата, се работи со одредена динамика и се надевам дека во следните месеци ќе бидеме сите присутни на официјално пуштање во употреба на акцелераторот со што пациентите по оваа здравствена услуга не ќе мора да патуваат во Скопје", рече Чакаровски. 28109112 346563685827004 911294444 n
(Заменик министерот за здравство Гоце Чакаровски заедно со директорот Зоран Лазаров за време на денешната обиколка низ Клиничката болница во Битола) 
 
Тој објасни дека во изминатиот период имало одредени недoразбирања заради мали пропусти меѓу добавувачите и изведувачите на опремата,кои се надминати и во тек е монтирањето. 
Ќе се работи посветено зашто како што рече Чакаровски, не сакаат да се случи акцелераторот да се пушти во употреба, а потоа да не работи. 
"Ќе се провери секој детаљ и се надеваме дела за месец до два ќе ја имаме оваа здравствена услуга", рече Чакаровски. 28052546 346563632493676 17280803 n
(Чакаровски на средба со началници на одделенија и други доктори разговаат за подобрување на здравствените услуги) 
 
Акцелераторот беше набавен уште во 2013 годона, но претходната власт  иако ветуваше дека ќе проработи не го пушти во употреба. 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани