АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Центарот за управување со кризи будно ја следи состојбата и преку своите Регионални центри навремено ги извести субјектите на СУК за навремено превземање на мерки и активности за спречување или надминување на последиците од излевање на водотеците.
Според информациите добиени од Регионалните центри за управување со кризи, засега состојбата со водотеците е стабилна, има зголемувања на водостојот, но нема излевања на истите, освен во Битолскиот регион.
По обилните врнежи од дожд на подрачјето на општина Битола во атар на с.Дихово е излеана Диховска Река и поплавена е помала земјоделска површина. Исто така, излеан е канал кај Брусничко Лавчански регион 1. Во атар на с Породин излеан е канал и поплавена е Живинарска фарма. Известени се надлежните субјекти и во моментов екипите се на терен.