Во текот на денешниот ден има благо опаѓање на нивото на река Драгор (околу 20-30 см) и во моментот не постои опасност за излевање на реката на местото каде што беше саниран насипот кај пумпната станица на ЈКП Водовод Битола. Од ЈКП Водовод известуваат дека екипите ќе останат на терен и ќе ја следат состојбата, информираат од Центарот за управување со кризи
Во текот на утрешниот ден јавното водостопанско претпријатие „Битолско поле“ ќе испрати една градежна машина (багер) за расчистување на коритото на Велушка река која беше излеана и ја поплави живинарската фарма во село Породин. Сеуште се работи со три пумпи од Дирекцијата за заштита и спасување во Битола на исцрпување на водата од халите на фармата и постапката е при крај.
Нивото на Река ,,Црна“р покачено, но нема излевање и поплавување. Снабдувањето со електрична енергија е без прекини, а исто така и водоснабдувањето е нормално, без дефекти и прекини.