2win800x200

Кои беа најстудените зими во Битола?

Февруари 16, 2021

Во 1967 година Битола го преживеала најстудениот јануари, кога ниските температури под нулата се задржале цел месец, поточно 31 ден. Зимата од 1967 година наликува на годинешната зашто и овој јануари скоро и да немаше денови кога температурата не падна под нулата. Градот во неколку наврати беше или најстуден во земјава со изменерни 23 степени под нулата или меѓу најстудените. 

Податоците за најсуровите зими во Битола можат да се најдат во книгата „Записи за злосреќи“  на битолскиот хроничар, професорот Александар Стеријовски, каде се забалежани информации за студовите во градот почнувајќи од  1408 година па до последниве години. Според оваа книга, во последниот половина век, најстудената зима со најдолг број на денови со минусни температури била онаа во 1967 година. Температурата најниско паднала во 1979 година кога биле измерени -28 степени и во 2005 година со триесет степени под нулата, а снег најмногу наврнал во 1983 година, дури 84 сантиметри .

 

Инаку во подолгата историја, најниската температура во Битола била измерена во 1813 година,  кога живата во термометарот паднала до минус 36 степени. Во Македонија голем студ бил забележан и 20 години подоцна кога замрзнал Вардар, па луѓето со коњи минувале преку него. За суровите зими пишувал и „Царигратски вестник“ во 1858 година нарекувајќи ја ѓаволско време кога во Битола наврнал снег за 24 часа од аршин и половина, односно нешто повеќе од еден метар.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани