2win800x200

Професорот Трајковски се вакцинираше против Ковид-19 во соседна Србија

Февруари 27, 2021

 

Професорот од  битолскиот универзитет „Свети Климент Охридски“, Дејан Трајковски, денеска се вакцинираше против вирусот Ковид-19 во Врање, Србија. 

Тој објави фотографии, на својот Фејсбук профил  дека ја примил вакцината АстраЗенека.

-Ова било повозбудливо од казино. Што ли ќе добијам? О, каква неизвесност...напиша тој на ФБ. 

Професорот за „Фокус“ појаснува дека се вакцинирал во Врање и дека засега нема никаква несакана реакција.

За тоа пак како успеал да добие право да се вакцинира во Врање, професорот Трајковски појаснува:

-Бидејќи имам српско државјанство тоа не беше проблем, но за жал заради гужвите мораа да ги стават на чекање странците, што не мора да значи дека така и ќе остане, ни изјави професорот, со надеж дека наскоро ќе започне вакцинацијата и во Македонија, која засега е само за здравствените работници.

је

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани