2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Едниот од сопружниците вратени од Занзибар има британска мутација, кај другиот МАНУ утре ќе испитува

Март 03, 2021
Британскиот сој на вирусот е откриен кај еден од сопружницте од Битола, кои пред пет дена се вратија од Занзибар, Африка позитивни на КОВИД 19, информираат од Министесртвото за здравство.  Анализите се направени во лабораторијата на МАНУ, каде утре треба да се испита и брисот на другиот од сопружницте, по што точно ќе се знае со кој сој од вирусот е заразен
"Министерството за здравство ја информира јавноста дека според анализите што денеска ги направи МАНУ на брисот од пацинетот кој пред неколку дена се врати од Занзибар, детектирано е присуство на британскиот сој на вирусот СарсКов2. Во текот на утрешниот ден ќе биде извршена анализа на вториот пацинет кој исто така патувал за Занзибар. Тој е ковид позитивен и исто така е хоспитализиран", се наведува во соопштението од Министерството за здравство.
 
 Инаку 65-годишниот битолчанец, кој е познат битолски бизнисмен, од понеделникот е хоспитализиран во Болницата за нефрологија во Струга, а неговата сопруга е примена во „8 септември“ во Скопје. Двајцата имаат позитивни тестови на коронавирус. Симптомите им се појавиле два дена пред да се вратат од Занзибар.

 

Битолчанецот бил примен во струшката болница во понеделникот бидејќи имал вискои вреднопсти на бубрежните оштетувања. Неговата состојба е стабилна и засега е без дијализа. Неговата сопругата која е на лекување во Скопје е исто во стабилна состојба. 

 
Здравствените власти најавуваат задолжителен карантин за сите  кои доаѓаат од африканските земји, а не се исклучува можноста за заострување на мерките.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани