2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Обвинувањата за садо-мазохизам не му помогнаа на Талески

Март 03, 2018

Садо-мазохистички, вака битолскиот градоначалник Владимир Талески пред две години на денешен ден го нарече однесувањето на Специјалното јавно обвинителство, а денес е веќе обвинет во случајот „Транспортер“.

Тогаш Општина Битола се најде на листата на СЈО како институција која не сака да соработува со нив, а Талески трдеше дека им ги покажале сите документи што сакале да ги видат.

„Ние сме просто изненадени од реакција на СЈО и на оние луѓе кои садо-мазохистички веќе пренесуваат хистерија подолг период во јавноста зашто сето она што го побараа максимално им беше на располагање. Ова прераснува во садо-мазохизам хистеричен и се прави една невидена политичка хајка каде независна суверена република Македонија за жал, ако продолжи овој тренд се помалку ќе личи на тоа. Ние не сме криминалци и нема да му дозволиме на никој на сила од нас да прави тоа, им ги покажавме сите документи што трбаше да ги видат за она што се надлежни, иако имаме сознанија дека си презеле ингеренции за дел од работите за кои веројатно не се надлежни“, рече Талески на прес конференција.

СЈО почна да го испитува неговото работење откако беше спомнат во „бомбите“ објавени од СДСМ. Тоа беше во шестата бомба во која разговараа ексминистерот за финансии Зоран Ставрески со ексминистерката Гордана Јанкуловска. Во разговорите се споменува тогашниот  градоначалник на Битола, Владимир Талески, за кој Ставрески велеше дека склучил „коруптивен договор“ за превоз на ученици, во кој, како што договорените цени биле 10 пати повисоки отколку реалните. Ставрески рече дека со овој договор општината заглавила во долгови, па Талески барал тие да бидат покриени од ЗЕЛС и од градоначалникот на Скопје Коце Трајановски.

Во овој разговор се слушнаа погрдни зборови за градоначалникот на Битола: блефер, глумец, перфиден актер, тежок криминалец...

СЈО поднесе обвинение за случајот „Транспортер“, во кој првообвинет е Владимир Талески, кого СЈО го товари за злоупотреби со превозот на ученици во Битола, тешки 360.000 евра. Во него, покрај Талески, за злоупотребите со превозот на ученици во Битола, се осомничени уште 22 лица. Судењето е во Скопје, а рочишта досега се одлагаа. Талески е осомничен и во случајот „Транспортер 2“ поврзан исто така со злоупотреби во школскиот превоз. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани