АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Тешка е сликата во ковид центарот во Битола каде на двете одделенија се хоспитализирани дури 103 пациенти најмногу досега од почетокот на кризата. Ноќеска починале и 4 пациенти од кои двајца од Битола на 62 и 64 годишна возраст, еден од Ресен на 65 гоидни и од Демир Хисар на 80 годишна возраст.
-Имаме дури 103 хоспитализирани, од кои 24 се нови приеми, а сме испишале 6 паценти. Нема пациенти со лесна клиничка слика сите се тешко, и на кислородна поддршка, изјави д-р Билјана Гагачовска директор на Клиничка болница Битола.