2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Ќе се заштитува како споменик на културата ислахането во Битола

Април 18, 2021

 

Завод и музеј Битола го става ислахането, објект од осланлиската архитектура стар 120 години,  во списокот на објекти под привремена заштита. Увид врз состојбата на ислахането по повод 18 април, Меѓународен ден на спомениците и локалитетите, изврши министерката за култура Ирена Стефоска, која најави дека дефинирањето на режимот на заштита на објектот ќе зависи од ревалоризацијата која е во тек.

„Онаму каде што пишува ‘објектот се продава’ нека се допише ‘објектот е заштитен’. Битолското и солунското ислахане се последните два сочувани објекта на Балканот од изградените седум подигнати во османлискиот период , во текот на 19 век, со донации од имотното месно население. Имале исклучителна улога да ги вдомат напуштените деца, сирачињата , децата кои подале рака за корка леб, давајќи им занает , токму во овој објект многу деца израснале во почитувани луѓе“, рече министерката.

Таа додаде дека за жал војните, времето и негрижата се отсликани на ислахането. За тоа како некогаш иследало ислахането,  денес на вратата беше поставена фотографија од браќата Манаки, која во Архивот ја пронајде долгогодишниот истражувач на нивното дело Роберт Јанкуловски. Овој објект кој бил занаетчиско училиште во турско време, денес има стара и неодржувана фасада, столбови и тераса во распаѓање, искршени прозорци. Ислахането веќе подолг период е во приватана сопственост и газдите сега го продаваат.175293150 227983612445185 2782458088942001764 n

Директорката на Завод и музеј Битола, Мери Стојанова, рече дека за ислахането е извршена валоризација, но досега објектот немаше статус на посебно заштитено културно добро.175700746 153783323335948 1786981136317851852 n

„Некогашното занаетчиско училиште од аспект на заштитата овој објект од одамна е интегриран и претставува интегрален дел на секторската студија која се однесува на култуното наследство на Битола. Покрај оваа студија, каде е евидентирано ова добро, во 2016 година од страна на стручните лица беа изработени заштитно-конзевраторски основи на предметниот потег, во коишто е вклучено и ислахането. Со тоа е извршена валоризација на овој објект во рамките на целината. Тоа значи дека во овој контекст објектот нема статус на посебно заштитено културно добро“, рече Стојанова.

Таа додаде дека со цел унапредување и редефинирање на статусот на овој објект како посебен споменик на културата , од страна на стручните лица од Завод и музеј, а во соработка со Министерството и Управата за заштита на културното населдство веќе е започнат процесот за негово ставање под привремена заштита до моментот на негова конечна реализација и ревалоризација која ќе го дефинира заштитиниот статус на овој објект.

Запрашана доколку објектот се продаде, новите сопственици што ќе можат да изменат од него, таа одговори дека „заштитата на еден објект не е врзана за неговата сопственост, туку со конкретниот објект“

„Со режимот на заштита ќе бидат конкретно предвидени сите зафати кои може и мора да бидат испочитувани во режимот на негова заштита“, рече Стојанова.174604623 2957229234599735 8549978790489104161 n

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани